Top Sport

Тен Хаг го презеде Баер Леверкузен

Баер Леверкузен официјално доби нов тренер: Ерик тен Хаг потпиша договор до 2027 година и го презема тимот од Чаби Алонсо, кој заминува во Реал Мадрид.

Тен Хаг доаѓа по бурниот период во Манчестер јунајтед, каде што не ги оправда очекувањата, но сега во Германија, има можност за нов почеток.

Леверкузен ја освои тројната круна под водство на Алонсо минатата сезона и стана непоразен шампион, а беше конкурентен и оваа сезона.

Но, Тен Хаг се соочува со сериозен предизвик: клучните играчи го напуштаат клубот. Флоријан Вирц е најбараниот играч во преодниот рок, Џонатан Тах си заминува без обештетување, а Џереми Фримпонг е пред трансфер во Ливерпул.

Костурот на тимот се распаѓа и Тен Хег ќе мора да изгради нов тим.

Тен Хаг има три титули во лигата, два купа и еден Суперкуп со Ајакс, додека со Јунајтед ги освои Лига купот и ФА Купот.

Scroll to Top