Top Sport

Тен Хаг го спореди Антони со Робен

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг го спореди Антони со холандската фудбалска легенда Арјен Робен по неговиот гол и асистенција при 0:2 победата кај Нотингем форест.

Бразилецот, за кој многу коментари велеа дека не ја заслужува високата цена од 100 милиони евра кои Јунајтед ги платија за неговиот трансфер од Ајакс. Во второто полувреме, тој го имаше најдобриот потег на мечот, кога од левото крило влезе во средината за да му асистира на Диого Далот за 2:0 и Тен Хаг вели дека тој претставува опасност за противниците како легендата на Баерн Минхен, Робен.

„Тој е многу добар кога влегова внатре. Сум го виделе често како така правеше Арјен Робен. Некој велат дека тоа е само еден трик, но тој трик беше толку брилијантен што никој не можеше да го сопре“, вели Тен Хаг.

Антони има осум гола оваа сезона за Манчестер јунајтед, но голот против Форест беше прв во Премиерлигата од септември, а има вкупно четири.

Scroll to Top