Top Sport

Тен Хаг и Рашфорд во одбрана на Фернандеш: Никој не совршен

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг и неговата прва ѕвезда Маркус Рашфорд застанаа во одбрана на Бруно Фернандеш по сите критики кои тој ги претрпе по катастрофалниот 7:0 пораз од Ливерпул.

Тен Хаг потврди дека Фернандеш ќе остане заменик капитен на „ѓаволите“ зад Хери Мегваер, иако признава дека тој направил „грешки“ на мечот против Ливерпул.

„Да, дефинитивно останува заменик капитен. Тој има одлична сезона, многу важна улога во тимот и се наоѓаме во позицијата која сме бидејќи ја дава целата енергија на тимот, не само со трчањет на теренот, туку и со советите за играчите, со инспирацијата. Никој не е совршен, секој прави грешки, и од нив мораме да научиме, нешто што тој ќе го направи бидејќи е интелигентен. Среќен сум што го имам Бруно Фернандеш во тимот и тој е капитен кога Хери не е на теренот“, изјави Тен Хаг.

И Рашфорд застана во одбрана на Фернандеш демантирајќи дека тимот се „предал“ во второто полувреме против Ливерпул.

„Не се предадовме, тоа се глупости. Да, бевме неорганизирани, со лоша комуникација и затоа ги примивме тие голови. Се обидовме да се вратиме во игра при 2:0 и 3:0, но како да не се согласивме што треба да се направи. Сакам да играм со Бруно, за напаѓач како мене, тој е совршен играч. Тој беше добар лидер за нас и кога не беше капитен. Понекогаш сакате да победите толку многу што правите некои работи кои не се во вашиот карактер. Како тим мораме да го поддржиме бидејќи е фантастичен играч за нас“, вели Рашфорд.

Scroll to Top