Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг сака Антони Марсијал да остане дел од неговиот тим и следната сезона и покрај низата повреди кои ги има францускиот напаѓач поради кои е тешко да смета на него. 27-годишниот Марсијал може да биде стартер првпат од јануари против Нотингем денеска, откако оттогаш има само 77 минути игра во Премиерлигата.
„Го сакам во мојот тим бидејќи мислам дека е голем фудбалер, со вистински квалитети за врвни перформанси. Кога е фит, нашиот тим игра многу подобро. За мене тој е најдобар на позиција на напаѓач, но исто така може да игра и на многу други позиции“, вели Тен Хаг.
Договорот на Марсијал завршува во 2024, но Јунајтед имаат опција да го продолжат договорот на уште една година.