Top Sport

Тен Хаг: Јунајтед нема да брзаат за напаѓач, а и парите се важни

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг вели дека клубот нема да се брза за да потпише договор со нов напаѓач како замена за Кристијано Роналдо и дека ќе има трансфер само на „вистински“ играч.

„Ѓаволите“ беа подолго време заинтересирани за Холанѓанецот Коди Гакпо, но тој потпиша договор со ривалите Ливерпул оваа недела, а пред стартот на јануарскиот преоден рок, Тен Хаг го објасни ставот на клубот.

„Ги бараме ‘вистинските’ играчи. Мора да се погодат спортските критериуми, но дефинитивно и финансиските критериуми. Сааме да проолжиме со победи и да се стремиме кон освојување титули и за тоа ви се потребни бројки и добри играчи. Исто така мора да имате и конкуренција во тимот за да имате технички избори“, вели Тен Хаг.

Интересно, досега, Тен Хаг инсистираше дека „мораат“ да купат напаѓач за засилување на тимот.

Scroll to Top