Top Sport

Доминик Тим доби вајлд-карта за Австралија опен

Поранешниот треторангиран тенисер во светот и победник на Отвореното првенство на САД во 2020 година, Австриецот Доминик Тим, доби покана за првиот гренслем турнир во сезоната, Австралија опен, објавија организаторите. Тим поради повреда го пропушти минатогодишниот Австралија опен, а во 2020 година играше во финалето на Мелбурн Парк, каде во пет сета загуби од Новак Ѓоковиќ.

Австриецот лани поради повреда испадна од топ 300, но во втората половина од годината победи на 22 од последните 33 меча и се врати меѓу првите 100 тенисери во светот. Моментно се наоѓа на 102. место на АТП ранг листата.

Покрај Тим, „вајлд-карти“ добија и американскиот тенисер Кристофер Јубенкс и Французинот Лука ван Аше, а кај тенисерките – Американката Тејлор Таунсенд и Французинката Дајан Пари.

Квалификациите за првиот голем тениски турнир годинава започнуваат на 11 јануари, а главните настани пет дена подоцна.

Scroll to Top