Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг и следната сезона ќе биде тренер на фудбалерите на Манчестер јунајтед.
Иако се уште нема официјална потврда, информацијата може да се земе како релевантна со оглед на тоа дека ја пренесоа сите водечки англиски медиуми.
Дека Тен Хаг нема да добие отказ покажува и податокот дека наскоро ќе започнат преговорите околу неговиот нов договор.
Неговата позиција драстично се подобри кога го освои ФА Купот победувајќи го Манчестер сити во финалето, а новата управа на чело со Џим Ретклиф е подготвена да му даде уште една шанса.
Томас Тухел, Роберто Де Зерби, Маурицио Поектино, како и Томас Франк и Киеран Мекена беа само дел од потенцијалните имиња на списокот за замени за Холанѓанецот кој во клубот дојде во 2022 година од Ајакс.