Ерик Тен Хаг им задача да го врати Манчестер јунајтед во врвот на англискиот и европскиот фудбал. Челниците на клубот од него нема да бараат врвни резултати во првата година, главна цел е тој со тимот да избори пласман во Лигата на шампионите.
Англиските медиуми објавија дека Тен Хаг ќе добие огромен бонус доколку Јунајтед се пласира во Лигата на шампионите. Станува збор за сума од 5.000.000 евра.
„Црвените ѓаволи“, минатата сезона не успеаја да се пласираат во Лигата на шампионите, поради што загубија сериозна сума на пари. За казна клубот за 25 отсто им ги намали платите на фудбалерите.