Top Sport

Тен Хаг: На Манчестер Јунајтед му недостига контунитет кога тимот игра на врвно ниво

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави дека проблемот на тимот е што тие постојано не настапуваат на високо ниво.

„Упорност. Ова е проблемот. Во одредени делови, големи делови, ги правиме вистинските работи, но има моменти кога имаме проблеми и не издржуваме. Во 95 проценти од натпреварите сме тим. Но, мораме уште да го подигнеме нивото за да дојдат посакуваните резултати“, изјави менаџерот на Манчестер Јунајтед,

По објаснувањето што е проблемот, следеше прашање може да се реши.

„Тешко е, разговаравме за тоа како да се подобриме и имаме разбирање за тоа. Мислам дека тоа е повеќе од еден фактор, концентрацијата е една работа, но има и други работи што мора да ги подобриме. Мора да добиеме на континуитет кога тимот игра на врвно ниво“, посочи Тен Хаг.

 

Scroll to Top