Ерик Тен Хаг во Барселона мораше да се соочи со прашањата за неговиот поранешен играч, фудбалерот на врска на Барселона, Френки де Јонг по неуспешниот обид да го убеди да се пресели на „Олд Трафорд“ во текот на летото.
Тен Хаг утре повторно ќе се сретне со Де Јонг во првиот меч од баражот во Лига Европа на „Ноу Камп“ и тој даде интересен одговор н тоа зошто не успеал да го убеди холандскиот сонародник за трансфер.
„Не знам. Френки е неверојатен играч и секој клуб на светот би бил посилен со него, бидејќи има единствени квалитети. Ако го имате во својот тим, сигурно сте посилни. Работев со него во Ајакс и во 2019 година имавме фасцинантен тим. Тој стана уште подобар играч во Шпанија. Беше задоволство да се работи со него“, објаснува Тен Хаг.