Top Sport

Тен Хаг од наредната сезона ќе го предводи Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед во новата сезона ќе влезе со нов тренер. Британските медиуми се сигурни дека тоа ќе биде Ерик тен Хаг. Според овие извори прашање на време е кога Јунајтед ќе објават дека постигнале договор со тренерот на Ајакс.

Тен Хаг, на клупата ќе го наследи Ралф Рангник, кој ќе остане да работи во клубот како советник.

„Прашање на време е кога Тен Хаг ќе дојде во Манчестер јунајтед“, објави новинарот, Ронан Марфи. И во обложувалниците, Холанѓанецот е најголем фаворит за тренер на Јунајтед.

Тен Хаг е тренер на Ајакс од 2017 година. Два пати бил шампион на Холандија, во 2019 година со тимот стигна до полу-финалето во Лигата на шампионите.

Scroll to Top