Ерик Тен Хаг ја забележа својата прва голема победа во Премиер лигата. Неговиот Манчестер јунајтед го победи Ливерпул со 2:1 (1:0) на „Олд Трафорд“.
Поранешниот тренер на Ајакс блескаше по натпреварот, играчите го исполниле се она што го побарал од нив.
„Можеме да зборуваме за тактика, но се е до ставот. Видовте што се случува кога ќе излеземе со став, имаше јасна комуникација, борбеност, го видовте тимот и што може да постигне, овие играчи можат да играат е..но добар фудбал“, изјави Тен Хаг.
Холанѓанецот објасни и што бара од играчите.
„Сакав поинаков пристап кон натпреварот, поинаков однос и играчите го донесоа тоа на теренот, што ме прави задоволен. Ова е само почеток, мора да бидеме скромни, можеме да играме многу подобро ако го задржиме составот. Имаме добри играчи, сега треба да покажеме дека и ние имаме добар тим и се ќе биде како што треба. Не е се во приказната, реков дека треба да делуваме на теренот, да покажеме дека сме тим и треба да бидеме храбри“, заклучи менаџерот на Манчестер јунајтед.