Top Sport

Тен Хаг признава: Мораме да бидеме многу подобри

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг не сакаше да одговара на прашањата за „отпадникот“ Мејсон Гринвуд, и во исто време призна дека не е задоволен од формата на неговиот тим на стартот на премиерлигашката сезона. По тешката 1:0 победа на Вулверхемптон во првото коло, Јунајтед беа надиграни од Тотенхем во вториот меч и загубија со 2:0.

„Видете, во моментов не сме на позиција каде што сакаме да бидеме со тимот. Не очекува многу работа и во моментов се фокусирам на играчите кои ми се достапни. Имам податоци само за нашите перформанси и како да ги подобриме. Јасно е дека мораме да бидеме подобри. Навивачите на Јунајтед очекуваат да победуваме и јас сум одговорен“, вели Тен Хаг.

„Ѓаволите“ утре против Нотингем ќе се без повредените Мејсон Маунт и Лук Шо, а Тен Хаг потврди дека и новиот напаѓач Расмус Хојлунд нема да може дебитира.

„За утре не е подготвен. Денеска првпат беше на целосен тренинг, така што ќе видиме следната недела. Блиску до опоравување. Лук ќе биде отсутен подолго време од Мејсон. Имаме решенија за дупките во тимот“, додава Холанѓанецот.

Scroll to Top