Top Sport

Норис го победи Ферстапен на тренингот во Холандија

Асот на Мекларен, Лендо Норис постави најдобро време на вториот тренинг пред Холандското ГП во Зандворт, победувајќи го домашниот фаворит и двократен шампион, Макс Ферстапен во Ред бул. Норис имаше време од 1:11.330, за само 0.023 секунди побрз од првиот фаворит на трката.

Алекс Албон во Вилијамс го направи најголемото изненадување, завршувајќи како трет најбрз со 0.269 секунди заостанување зад времето на Норис, додека топ 5 го комплетираа Луис Хамилтон во Мерцедес и Јуки Цунода во Алфа Таури.

Серхио Перез повторно беше речиси половина секунда зад својот колега Ферстапен, завршувајќи на седмото место, додека крајно разочарувачка сесија имаа во Ферари – Шарл Леклер беше на 11. место, а Карлос Саинс само 16-ти.

Scroll to Top