Top Sport

Тен Хаг: Се боревме како лавови, ама не игравме фудбал

Тренерот на фудбалерите на Ајакс, Ерик тен Хаг, творецот на „чудото од Амстердам“, по синоќешната победа над Тотенхем во Лондон (0:1), рекол дека е задоволен од резултатот, но не и од играта што ја прикажале неговите избраници.

„Ова е големо достигнување. Се боревме како лавови. Во првото полувреме игравме многу добро, заслуживме да постигнеме гол. Сега сме во добра позиција, но ќе мора да одиграме многу подобро наредната недела, бидејќи во второто полувреме заборавивме да играме фудбал“, истакнал Тен Хаг и дополнил.

„Моравме да постигнеме уште некој гол, особено во периодот од натпреварот во кој бевме подобри. Сепак ова е добра резултат. Не сум задоволен од начинот на кој ја чувавме топката по повредата на Фертонген. Убеден сум дека Тотенхем ќе извлечат поуки од овој меч. Едно полувреме заврши, ние сме имаме подобра позиција, но наредната недела мораме да бидеме подобри“.

Ајакс, наредната среда, ќе ги пречекаат Тотенхем на „Јохан Кројф“ арената.

Scroll to Top