Top Sport

Тен Хаг: Секако дека сум лут, ова е враќање во реалноста

Ерик Тен Хаг не го криеше разочарувањето по историскиот 7:0 пораз од Ливерпул на „Енфилд“, пораз кој кај навивачите на Јунајтед ги враќа сеќавањата на понижувачките порази од минатата сезона. Покрај тоа, поразот доаѓа во период во кој се кренаа очекувањата кај навивачите по освојувањето на Лига купот и елиминацијата на силната Барселона во Лига Европа.

„Мислам дека одигравме пристојно прво полувреме. Една грешка во организацијата и не казнија во финишот на полувремето. Второто полувреме, тоа не бевме ние. Тоа не беа нашите стандарди. Не игравме како тим, тоа беше непрофесионално. Секако дека сум лут. Изненаден сум бидејќи во последните недели и месеци покажавме дека тимот е упорен и има победнички менталитет, но тоа го немаше во второто полувреме. Играчите не ја завршија својата работа. Го видовме тоа во минатото и мораме да се вратиме. Исто како по Брентфорд, по Манчестер сити. Ова е голем чекор назад и е неприфатливо. Навистина сум разочаран и лут. Ова е враќање во реалноста и мораме да реагираме силно“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top