Top Sport

Димитриевски го сочува голот со одлична одбрана, Рајо-Билбао 0:0

Рајо Валјекано одигра 0:0 против Атлетик Билбао во интересна битка во 24. коло во шпанската Ла лига, во меч во кој Рајо немаше среќа кога ја погодија пречката, додека одбраната на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски беше најзаслужен што не загубија на домашен терен.

Димитриевски двапати успеа да го сочува својот гол, со фантастичен рефлекс по обидот на Сансет. До крајот на мечот немаше голови, а токму Оихан Сансет доби црвен картон во 95. минута по еден страшен старт.

Рајо остануваат на седмото место на табелата со 35 поени, два повеќе од осмопласираните Атлетик, кои сега немаат победа во последните три меча.

Scroll to Top