Top Sport

Тухел го сака местото на Флик

Поранешниот менаџер на Челзи, Томас Тухел, би можел да ја преземе германската репрезентација доколку актуелниот селектор, Ханси Флик, реши да се повлече од оваа функција.

Флик (57) е мета на критики по елиминацијата на Германија по групната фаза на Светското првенство во Катар.

Германските медиуми пренесуваат дека Флик размислува да се повлече од селекторската функција, откако спортскиот директор на Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) Оливер Бирхоф поднесе оставка по неуспехот на репрезентацијата во Катар.

Тухел (49) моментално е без ангажман, а „Кикер“ наведува дека е најсериозен кандидат за селектор на Германија доколку Флик поднесе оставка.

Пред Челзи, Тухел ги тренираше Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Мајнц, Аугсбург и младинските екипи на Штутгарт.

Scroll to Top