Top Sport

Тен Хаг: Смешно е да се зборува за титули во јануари

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг одби да коментира за потенцијалната трка за титулта во Премиерлигата по 2:1 победата над Манчестер сити, која ги донесе на еден поен до Сити на третото место на табелата.

Иако атмосферата меѓу навивачите и фудбалерите е најпозитивна во последната деценија по одличниот старт на Тен Хаг, Холанѓанецот одбива да зборува за титулата во Прмиерлигата.

„Смешно е да се зборува за титули во јануари, така што не го правете тоа. Не сме ниту на половина и има многу мечеви пред нас. Во нашата игра има многу дупки и мораме да работиме да ги надминеме тие ограничувања“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top