Top Sport

Ал-Атијах со петта победа на Дакар релито, Бенавидес го „украде“ триумфот пред Прајс

Катарецот Насер Ал-Атијах по петти пат стана шампион на Дакар релито, одбранувајќи ја титулата на трката во Саудиска Арабија со разлика од повеќе од еден час пред рели ВРЦ легендата, Себастиен Леб, кој втора година едноподруго е второпласиран, а овојпат постави и рекорд со шест етапни победи во низа. Бразилецот Лукас Мораеш ја заврши трката на третото место, додека Аргентинецот Кевин Бенавидес по вторпат стана шампион во пласман на мотоцикли.

Ал-Атијах ја презеде контролата на трката уште на третата етапа, по што по речиси 5.000 километри остана лидер додека неговите главни конкуренти немаа среќа. Тој ја зголемуваше разликата во првата недела од трката, која по четеврти пат се одвива во Саудиска Арабија по преселбата од Јужна Америка. Стефан Петерхансел, освојувачот на рекордни осум титули во пласман на автомобили се откажа во шестата етапа откако имаше судир со својоата Тојота, а неговиот со-возач Едуар Буланжер доби скршеница на ‘рбетот. Карлос Саинс Сениор беше во аут во деветтата етапа, кога се преврте на една песочна дина.

Додека во пласман на автомобили победникот беше јасн уште по првата недела, кај мотоциклистите се водеше битка до последната етапа, за Бенавидес да ја освои титулата со победа пред колегата од КТМ, Тоби Прајс за само 43 секунди. Бенавидес зааостануваше 12 секунди зад Прајс пред последната етапа, но стигна до импресивна победа од 55 секунди во 136 километри долгата етапа. Скајлер Хаус, кој водеше по првата недела, заврши како трет со 5:04 заостанување.

Релито Дакар првпат се оддржа во 1979, тогаш под името Париз-Дакар, но во последните години се одржуваше во Јужна Америка и Саудиска Арабија поради безбедносните проблеми во северна Африка.

Scroll to Top