Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг велеи дека работи на обновување на врските со навивачите на клубот, бидејќи забележал доста проблеми кога пристигнал на „Олд Трафорд“ ова лето.
„Ѓаволите“ имаа мизерен финиш на минатата сезона, со само три победди во последните 14 меча во сите натпреварувања, предизвикувајќи бес кај навивачите, а Тен Хаг беше на трибините на „Селхарст парк“ во последното коло од Премиерлигата на гостувањето кај Кристал палас, кога гостинските навивачи имаа непријателско однесување кон сопствените фудбалери.
„Тоа е дел од нашиот план, бидејќи е потребна врската со навивачите. Манчестер јунајтед е толку голем клуб во целиот свет што морате да покажете посветеност и да контактирате со нив. Мора да се гради заедништвото во тимот, и затоа и играчите мора да се однесуваат така на теренот. Сите мора да го сфатат тоа, дека навивачите се тука за нас. Играте фудбал за навивачите“, вели Тен Хаг во интервју за „ЕСПН“.