Top Sport

Анчелоти: Не е вистина дека Бензема не игра бидејќи се „чува“ за СП

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти демантираше дека проблемите со физичката подготвеност на Карим Бензема ќе влијаат на неговите перформанси на Светското првенство, отфрлајќи ги тврдењата дека напаѓачот намерно се „чува“ со пропуштање на мечевите за „кралевите“.

Бензема не тренираше со своите соиграчи пред последниот меч од Ла лига пред паузата поради СП, дуелот со Кадиз на „Сантијаго Бернабеу“ во четврток. Отсуството на освојувачот на „Златната топка“ се поклопи со падот во формата на Реал – 1:1 ремито со Џиронаа минатата недела и 3:2 поразот од Рајо Валјекано во понеделникот.

„Ми пречи што Карим не беше тука да помогне на тимот со својот квалитет. Тој се обиде, но не успеа да се врати на време. Верувајте, Карим е најразочараниот што не игра, бидејќи ќе оди на СП, како освојувач на ‘Златната топка’ со малку минути. Глупаво е да се каже дека се ‘чува’“, вели Анчелоти.

Scroll to Top