Top Sport

Тен Хаг во Франција ја пронајде замената за Кристијано Роналдо?

Кристијано Роналдо е на излезна врата од „Олд Трафорд“, а се чини дека новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, полека бара решение за негов наследник.

Според медиумите во Франција, напаѓачот на Лион, Муса Дембеле, би можел да го замени легендарниот Роналдо.

Францускиот напаѓач има 25 години, минатата сезона постигна 21 гол на 30 првенствени натпревари, а договорот со Лион му истекува следната година.

Тен Хаг би сакал да го има Муса Дембеле во тимот, а раководството на Манчестер Јунајтед најверојатно прво ќе ја почека конечната разврска околу заминувањето на Кристијано Роналдо.

Scroll to Top