Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг не сакаше да си ја припише заслугата за одличната форма на Маркус Рашфорд оваа сезона, велејќи дека нема магични моќи како Хери Потер.
Рашфорд има 27 гола за „ѓаволите“ оваа сезона и откако Тен Хаг потврди дека ќе игра во недела на гостувањето кај Њукасл, вели дека самиот фудбалер е одговорен за својата форма.
„Не се работи само за разговор, јас не сум Хери Потер! Се работи за процес, за алатки со кои ќе дозволите фудбалерите да ја достигнат својата најдобра форма. За составот, за начинот на играње, за разговорите, за тренерите кои работат со него… Но, на прво место, за него, бидејќи тој ги има вештините и го има односот за да постигне успех“, вели Тен Хаг.