Top Sport

Халанд потпиша милионски договор со „Најк“

Ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд стави крај на месеците шпекулации, потпишувајќи нов договор за спонзорство со „Најк“. Со ова се става крај на врските со „Адидас“ и „Пума“.

Од стартот на кариерата во норвешкиот Молде, Халанд носи копачки на „Најк“, но во последно време бидејќи не беше обврзан со договор играш и со копачки на „Адидас“, а неговиот татко Алф-Инге Халанд е близок пријател со генералниот директор на оваа компанија.

Без разлика на копачките, 22-годишните Халанд има 28 гола во 26 настапи за Манчестер сити оваа сезона, иако е неизвесен за дербито со Ливерпул овој викенд.

Scroll to Top