Top Sport

Тен Хаг за одлуката за Роналдо: Спиев сосема мирно

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик Тен Хаг, конечно, се отвори за влегувањето во конфликт со Кристијано Роналдо и раскинот на неговиот договор по експлозивното интервју со Пирс Морган, велејќи дека имал „мирен сон“ по одлуките кои ги направил.

Роналдо си замина од „Олд Трафорд“ во ноември по повеќе конфликти со Тен Хаг, откако прво го обвини менаџерот дека покажува непочитување кон него, а во исто време ги нападна и сопствениците на клубот, целата инфраструктура на клубот, како и повеќе тогашни и поранешни соиграчи.

„Имав мои причини, кои беа очигледни и секако, знаев дека ќе иам последици. Можеше да има негативен исход, нешто што секогаш е возможно во фудбалот. Но, не се грижев. Спиев многу добро. Морав да направам одлуки за подобрување на тимот и клубот. Тоа е моја работа и моја одговорност, и стојам зад моите одлуки. Морав да се соочам со последиците, не само на кратки патеки, туку и долготрајно“, вели Тен Хаг.

Scroll to Top