Top Sport

Тензии во Баварија – Нагелсман во конфликт со Салихамиџиќ

Германскиот печат тврди дека и покрај тоа што ја освоија 10-тата титула едноподруго во Бундеслигата, ситуацијата во Баерн Минхен останува „немирна“, посебно поради конфликтите помеѓу тренерот Јулијан Нагелсман и спортскиот директор, Хасан Салихамиџиќ, најмногу околу трансфер-политика и продолжувањето на договорите на клучните фудбалери.

Според весникот „ТЦ“, Нагелсман е незадоволен од темпото со кое се преговара со фудбалерите за обновувањето на договорот – Томас Милер веќе го обнови договорот, но Мануел Ноер и Роберт Левандовски засега одбиваат да го направат тоа. Нагелсман исто така е незадоволен што Баерн не успеа да го убеди младиот Нико Шлотербек, фудбалер на Фрајбург, да потпише со нив, и наместо тоа ќе замине во Борусија Дортмунд. Салихамиџиќ, пак, сметал дека клубот имал доволно алтернативи во одбраната со Дајот Упамекано, Лукас Ернандез, Танги Ниназу и Бенжамин Павар.

Салихамиџиќ веќе имаше конфликт со претходниот тренер на клубот, сега германски селектор, Ханси Флик.

Scroll to Top