Top Sport

Хамес ќе навива против Реал и Евертон – сака Ливерпул да ја освои ЛШ

И покрај тоа што во минатото беше фудбалер на Реал Мадрид и на Евертон, Хамес Родригез вели дека би сакал Ливерпул да ја кренат титулата од Лигата на шампионите во големото финале во Париз.

Родригез играше за Реал од 2014 до 2020, пред да премине во Евертон една сезона, признава дека би сакал „црвените“ да слават, но само како поддршка за неговиот колумбиски сонародник Луис Дијаз.

„Сакам Ливерпул да се шампиони. Имам многу пријатели во Реал Мадрид и знам дека секогаш е тешко да ги победиш, но сакам Лучо Дијаз да го крене трофејот“, изјави фудбалерот на Ал-Рајан.

25-годишниот Дијаз пристигна во Ливерпул во јануари и стана еден од клучните играчи на тимот на Јирген Клоп.

Scroll to Top