Top Sport

Тео Ернандез: Благослов е да играш со Ибра

Бекот на Милан, Тео Ернандез вели дека е „благослов“ што може да игра покрај фудбалер како Златан Ибрахимовиќ, додавајќи дека е презадоволен од првата сезона со „росонерите“.

22-годишниот Французин дојде од Реал Мадрид минатото лето за 20 милиони евра, и бргу стана клучен член на клубот, со 6 гола и 3 асистенции во 25 меча оваа сезона. „Росонерите“ веќе не се „силата“ која беа пред неколку децении, но Ернандез, кој при доаѓањето на „Сан Сиро“ изјави дека сака да освојува титули со клубот, вели дека е воодушевен од пристигнувањето на Златан Ибрахимовиќ во јануари.

„Ова беше многу важна сезона за мене. Се адаптирав многу бргу на новата лига и притисоците на голем клуб. Тренерите имаат доверба во мене, а љубовта која ја чувствувам од фановите е прекрасна. Стефано Пиоли има доверба во мене и имам можност да учам од најдобрите. Да се тренира со Златан Ибрахимовиќ е како подарок, шанса да се научи од таков човек“, вели Ернандез во интервју за „Ла газета дело спорт“.

Ернандез вели дека немал проблем да се адаптира на лигата.

„Веднаш се почувствував како дома тука, со моите соиграчи, со културата, со градот, со филозофијата на клубот. Уште сум млад, така што сакам да го извлечам максимумот и да бидам лидер“, додава Ернандез, кој има договор со Милан до 2024 година.

Scroll to Top