Top Sport

Нгану во топ физичка форма пред саботната УФЦ тешкашка пресметка

Френсис Нгану во сабота ќе влезе во УФЦ кафезот против Жаирзињо Розенстрајк, и иако мечот не е за титулата во тешка категорија, тој очигледно е на шампионско ниво на физичка подготвеност.

Користејќи го двомесечниот период на карантин поради корона вирусот, популарниот „Предатор“ реши да покаже во каква форма е пред враќањето на борбите.

Тој неодамна практично покажа колку е силен, кога го крена Шекил О’Нил (кој има над 150 килограми) над својата глава. Останува да се види каков ќе биде дуелот со „Биги бој“ Розенстрајк, кој влегува во мечот без пораз во последните четири меча, кои ги реши со нокаут.

И Нгану има импресивна серија. Откако загуби двапати во низа од шампионот Стипе Миочиќ и Дерик Луис, „Предаторот“ ги нокаутираше своите следни три противници.

Scroll to Top