Top Sport

Марковски нов селектор на Романија

Македонскиот кошаркарски стратег, Заре Марковски е нов селектор на романската кошаркарска репрезентација и ќе ги предводи „орлите“ во квалификациите за Светското првенство во 2019 година.

Марковски, кој е тренер на турскиот Трабзонспор, во својата кариера има водено клубови како Дарушафака, Лугано, Авелино, Витрус Болоња, Армани Милано и Лимож, а од 1997 до 1999 година беше македонски селектор.

Ако Романија успее да влезе во второто коло на квалификациите, договорот на Марковски ќе биде продолжен до 2019 година. Прв меч на Марковски со Романија ќе биде дуелот Италија-Романија во Торино на 24 ноември.

Scroll to Top