Актуелните шампиони на Франција, фудбалерите на Лил, забележаа уште еден кикс на домашен терен. Во првиот меч од 25.коло, Лил одигра натпревар без голови со Мец.
Натпреварот го обележа тепачката која се случи, откако главниот судија означи крај. Се тепаа поранешниот фудбалер Силван Арамнд, сега функционер во Лил и тренерот на Мец, Фредерик Антонети.
Тие двајца си разменија тупанци на влезот од тунелот.
Bagarre entre Fred Antonetti et Sylvain Armand ??? ! #LOSCFCM #Ligue1UberEats pic.twitter.com/fpJFHONS12
— Azpi اليكس?? (@Azpi93) February 18, 2022