Борусија Дортмунд не воодушевува со своите настапи и резултати во последно време, а дополнителен проблем ќе има Нико Ковач во пресрет на реваншот со Лил. На тренингот пред патот за Лил се случи инцидент.
Имено, како што пренесува германски „Билд“, Џулијан Брант и Џејми Бајно Гитенс имале вербална, а потоа и физичка пресметка на тренингот.
Не е познато што го предизвикало инцидентот, но истиот започнал вербално, а завршил со физичка пресметка. Брант и Гитенс потоа биле отстранети од тренингот, а подоцна во текот на денот Ковач размислуваше дали да ги суспендира двајцата играчи пред натпреварот против францускиот тим. Дортмунд го објави списокот на патници за Франција, на кој се и Брант и Бијно Гитенс.
Ковач и Дортмунд се генерално во лоша форма. „Милионерите“ загубија од Аугсбург со 0:1 во претходното коло од Бундеслигата, а на теренот не блескаа ниту на претходните натпревари.
За Дортмунд ќе биде голем предизвик да победи против Лил. Кога на слабата игра ќе се додаде моменталната ситуација во соблекувалната, Лил оправдано ќе биде фаворит во реваншот кој е закажан за в среда од 18 часот и 45 минути.