Навивачи на ПАОК и грчката полиција синоќа имале „блиска“ средба пред стадионот „Тумба“ во Солун.
Навивачите на ПАОК се собрале пред стадионот за да го прослават 94 роденден на клубот. Проблем е што тоа го направиле во периодот кога Грција е во карантин поради коронавирусот.
Полицијата веднаш интервенирала, а напнатата атмосфера завршила со тепачка.
Во групата на околу 200 навивачи на ПАОК биле користени факели, а полицијата уапсила петмина од нив.
Во Грција има преку 2.000 заразени, а досега од коронавирусот починале 116 лица.