Top Sport

Езил ги налути Британците – одбил да му ја намалат платата

Месут Езил, искусниот фудбалер на Арсенал е еден од тројцата фудбалери на „топџиите“ кои одбиле платите да им бидат намалени за 12,5 отсто. Поради коронавирусот сите клубови се соочуваат со финансиски загуби, поради што се приморани да ги намалат платите на своите вработени за да можат да продолжат нормално да функционираат.

Челниците на фудбалскиот клуб Арсенал решиле во наредните 12 месеци платите на фудбалерите да бидат намалени за 12,5 отсто. Со исклучок на тројца сите ја прифатиле клупската одлука.

Клубот соопшти дека од 12,5 отсто колку што ќе им бидат скинати од платите на фудбалерите ќе им бидат вратени 7,5 отсто доколку изборат пласман во Лигата на шампионите.

Еден од тројцата играчи што го одбил предлогот на клубот е Месут Езил. Поранешниот германски репрезентативец заработува најмногу од сите фудбалери, неговата неделна плата изнесува 400.000 фунти.

Неговиот потег наиде на критики во англиската јавност. Прашање е како ќе се справат во Арсенал со оваа негова одлука. Истријата покажува дека Езил секогаш знае да го истера своето.

Scroll to Top