Top Sport

Тепачка во Торино по завршувањето на мечот, црвени картони за Квадрадо и за Хандановиќ

Страстите во Торино зовреа непосредно по завршувањето на натпреварот. Ромелу Лукаку израмни со гол од пенал во 95.минута, откако Бремер играше со рака во шеснаесетникот и го анулира голот на Хуан Квадрадо за Јувентус постигнат во 83.минута.

Лукаку доби црвен картон откако прослави бурно по голот, а тоа донесе и уште поголема нервоза по завршувањето на мечот.

Се случи жестока мешаница, на крајот и тепачка во која учествуваа повеќе фудбалери, а црвени картони добија Самир Хандановиќ од Интер и Хуан Квадрадо од Јувентус.

Scroll to Top