Top Sport

Тер Штеген би можел да ја напушти Барселона

Поразот од Реал само ја продлабочи кризата во која се наоѓа Барселона. Незадоволни од ситуацијата во која се наоѓа клубот има многу, а последен кој се приклучил на оваа листа е голманот Марк-Андре тер Штеген.

Германскиот репрезентативец е е ден од ретките чија форма не варира оваа сезона. Тој и против Реал имаше две врвни интервенции при резултат 0:0, но не можеше да стори ништо против Винисиус Жуниор и Маријано Дијаз.

Каталонскиот медиуми „ТВ3“ тврди дека по дербито Тер Штеген им кажал на соиграчите дека наредната сезона можеби нема да биде дел од тимот. Наводно бил разочаран од од несериозната работа на тренинзите.

Истиот извор наведува дека голем број од играчите, меѓу кои е и Тер Штеген, не биле задоволни од новиот тренер Кике Сетиен. Сметале дека клуб каков што е Барселона е преголем залак за него.

Исто така сметале дека тој бил најголемиот виновник за поразот од Реал. Според играчите дербито го изгубил во моментот кога решил да го извади од игра Артуро Видал.

Тер Штеген во 2014 година од Борусија Менхенгладбах за сума од 12 милиони евра се пресели во Барселона. Со Каталонците има освоено четири трофеи во првенството и Купот на Шпанија, односно по еден трофеј во Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

Scroll to Top