Првиот голман на Барселона Марк-Андре тер Штеген повреден се врати во клубот по настапот за за својата репрезентација, во пријателскиот натпревар со Турција. Поради болки во грбот тој го напушти кампот на националниот тим и не беше во конкуренција за синиќешниот меч со Австрија.
Тер Штеген не тренира и под знак прашалнике е неговиот настап викендов во Примера.
Тој го напушти таборот на германската репрезентација поради болки во грбот, но се уште не тренирал откако пристигна во Каталонија.
Каталонските медиуми шпекулираат дека се поголеми се шансите Тер Штеген да не брани против Рајо Ваљекано в сабота. Доколку Германецот не биде во можност да настапи, голот на Барселона ќе го брани младиот Ињаки Пења.