Top Sport

Тер Штеген и Нојер ја продолжија „војната“ со зборови

Јоаким Лев, селекторот на Германија, наместо со реконструкцијата што ја започна во националниот тим ќе треба да се занимава со нарушените односи помеѓу голманите Мануел Нојер и Марк-Андре Тер Штеген.

Тивката „војна“ помеѓу голманите на Баерн и Барселона траеве веќе извесно време, а ја започна Тер Штеген со изјавата дека не брани за репрезентацијата иако неколку години бил меѓу најдобрите пет на својата позиција во светот.

Нојер одговарајќи на таа изјава рекол дека желбата на Тер Штеген не била ништо поразлична од желбата на Бернд Лено или Кевин Трап.

Покрај тоа што не може да му го земе местото на Нојер во репрезентацијата, на голманот Барселона не му се допаднала ниту оваа изјава, поради што решил да одговори.

„Не знам откаде Мануел добива моќ да ги коментира моите чувства и да ги става на кантар. Секогаш постои ривалство помеѓу играчите, особено ако не играат. Доколку ги погледнете моите изјави од изминатите години, тогаш овие изјави на Нојер ќе ги сметата за непристојни“, рекол Тер Штеген за магазинот „Кикер“.

Останува да се види дали Нојер повторно ќе ја коментира изјавата на помладиот колега, доколку се случи тоа, тогаш Лев има навистина голем проблем.

Scroll to Top