Top Sport

Ливерпул во Неапол, Барса во пеколот на „Вестфален“

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне вечерва со натпреварите во групите Е, Ф, Г и Х. Сезоната 2019/2020 ќе биде отворена на стадионите во Милано и Лион. Европскиот шампион Ливерпул одбраната на титулата ќе ја започне во Неапол, против Наполи.

Наполи и Ливерпул во фазата по групи играа и минатата сезона. На „Сан Паоло“ победи Наполи со голот на Инсње постигнат во последните секунди од натпреварот.

Второто дерби што ќе се одигра на стартот е натпреварот на „Вестфален“ во Дортмунд, каде на Борусија ќе и гостува Барселона.

18.55 часот:

Група Ф: Интер – Славија Прага
Група Г: Олимпик Лион – Зенит

21 часот:

Група Е:

Наполи – Ливерпул
Салцбург – Генк

Група Ф:

Борусија Дортмунд – Барселона

Група Г:

Бенфика – Лајпциг

Група Х:

Челси – Валенсија
Ајакс – Лил

Scroll to Top