Голманот Марк-Андре тер Штеген синоќа блескаше во Прага и со своите интервенции ја обезбеди победата за Барселона. Иако се лидери во Ла Лига и во Лигата на шампионите освоија седум од можните девет бода, Барселона сезонава, особено на гостувањата, не делува моќно како во претходните голови.
„Победивме, но не го достигнавме нивото кое го сакавме. Имавме среќа и ги освоивме бодовите. Тоа е се“, рекол Германецот, а потоа даде изјава која ќе биде предмет на анализи.
„Мислам дека е време да проговориме за некои работи. Нема на медиумите да им кажам за кои работи треба да се проговори, но јасно е дека треба да преземеме нешто. Тоа секогаш се случува, некои работи мора да се подобрат. Конкретно за овој случај, мораме да разговараме за неколку работи“.
Тер Штеген не сакал да открие дали се работи за тактиката или за пристапот кон играта.
„Инсистирам дека не морам да објаснувам подетално. Тоа е нешто што мораме да го решиме во соблекувалната, нема тоа јавно да го кажам. Тоа е нешто внатре во тимот, не е моја работа јавно да зборувам. Прво ќе разговарам со оние што беа на теренот. Натпревар како овој против Славија повеќе не смее да ни се случи. Постојат некои работи кои мораме да ги подобриме“.