Top Sport

Тер Штеген: Немам поим од фудбал

Голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген вели дека „нема поим“ од фудбал и дека тешко се сеќава на имињата на славните фудбалери.

27-годишниот Тер Штеген во кариерата го освои Светското првенство, Лигата на шампионите и четири трофеи во Шпанија, добивајќи репутација на еден од најдобрите голмани на светот, но тоа не значи дека има големи познавања од спортот.

„Луѓет ми се смеат кога ќе им кажам дека немам поим од фудбал. Не гледам многу фудбал, освен кога има добри мечеви и кога имам интерес поради некој пријател. Понекогаш ќе ми кажат некое име на фудбалер и навистина не знам за кого се работи. Во Ла лига тоа ми се случува со имињата, но кога ќе ми ги покажат снимките веднаш сфаќам дека ги познавам. Се сеќавам повеќе на тоа како се движат на теренот, од каде шутираат или каде стојат“, вели Тер Штеген во интервју за „Ел паис“.

Scroll to Top