Top Sport

Тер Штеген: Сакав да ја напуштам Барселона

Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген признал дека во еден момент сериозно размислувал да ја напушти Барселона.

Тер Штеген во 2014 година пристигна во Барселона од Борусија Менхенгладбах. Во тој ист преоден рок Каталонците го купија и Клаудио Браво од Реал Сосиедад. Чилеанецот беше купен за да брани, а Тер Штеген да биде негова замена.

Таа сезона Браво бранеше во првенството и Лигата на шампионите, а Германецот само во Купот на Шпанија.

„Јас и Браво добро се справувавме со ситуацијата. Тој е одличен голман кој во тоа време заслужуваше да биде прв голман на Барселона. Тренерот не сакаше ништо да менува бидејќи имаѓе голман кој бранеше одлично во лигата“, рекол Тер Штеген и дополнил.

„Кога се случуваат такви работи тогаш започнувате да размислувате за иднината, бидејќи најважно е да играте. Не ми беше полесно ниту кога се свртија работите, кога тренерот кажа дека Браво ќе брани само во Купот, а јас во останатите натпреварувања. Тоа не беше она што го сакав. Во текот на 2016 година размислував да ја напуштам Барселона. Тогаш клубот донесе одлука, се решија јас да останам. Мислам дека со добрите партии покажав дека ја заслужив довербата“.

Scroll to Top