Top Sport

Теренот бил мал, натпреварот повторно ќе се игра

Натпреварот одигран во рамките на првото коло во ФА купот, помеѓу женските екипи на Кембриџ сити и Кембриџ јунајтед, ќе се одигра повторно бидејќи теренот ма кој се одиграл првиот меч, бил премногу мал.

Фудбалериките на Кембриџ сити го добиле мечот со 2:1, но по завршувањето Кембриџ јунајтед упатил жалба до Фудбалската асоцијација на Англија.

Теренот на кој се одиграл натпреварот бил со димензии 94 метри (должина), 58,7 (ширина), што е за 14 отсто под стандардите.

Според правилата за женскиот фудбал, терените не смеат да имаат помали димензии од 100 метри (должина) и 64 метри (ширина).

Scroll to Top