Top Sport

Тереза Меј бара УЕФА да ги казни Црногорците

Британската премиерка Тереза Меј побарала од меѓународните фудбалски организации да преземат остри казнени мерки против Црна Гора.

Меј ова го побара поради расистичките повици на кои биле изложени англиските репрезентативци за време на квалификацискиот натпревар со Црна Гора. Дуелот во Подгорица заврши со победа на Англија 5:1.

„Навредите на кои што биле изложени се одвратни и неприфатливи. Обврска на УЕФА е сега да го истражи случајот. Ги повикуваме да преземат остри и конкретни мерки“, рекол портпаролот на премиерката, Џејмс Слек.

УЕФА, во вторникот, покрена дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Црна Гора.

Селекторот на Англија Герет Саутгејт, изјавил дека расистичките навреди биле упатени кон Дени Роуз, откако тој во последните минути од натпреварот добил жолт картон.

Scroll to Top