Top Sport

Терим по четврти пат на клупата на Галата

Галатасарај потврдија дека Фатих Терим по четврти пат ќе стане нивни тренер, откако најуспешниот турски клуб оваа недела го отпушти хрватскиот тренер, Игор Тудор.

Галата својата намера да потпишат со Терим го објавија во четвртокот навечер преку соопштение до берзата во Истанбул.

Терим беше без работа од јули, кога си замина од позицијата на турски селектор по скандалот кој го предизвика тепачката со еден сопственик на ресторан, а нема работено во клупскиот фудбал од 2013 година, кога замина од Галата за да стане турски селектор по освојувањето на шестата титула од Супер лигата со тимот од Истанбул.

64-годишниот Терим, кој исто така беше и играч на Галата, има долги врски со клубот, откако првпат стана нивни тренер во 1996 година по носењето на Турција на Европското првенство. Тој освои четири титули во низа, но и УЕФА купот во 2000, првата европска титула за еден турски тим. По ова, тој работеше накратко во Италија со Фиорентина и Милан, пред да стане турски селектор и да ја предводи нацијата до полуфиналето на ЕП во 2008 година.

Галатасарај се трети на табелата по 16 меча, со еден поен помалку од лидерите Башакшехир, но пред шампионите Бешикташ.

Тудор ги загуби нервите со Турците, Галата ги загуби нервите со него и го отпушти (видео)

Scroll to Top