Top Sport

Балотели би се вратил во Манчестер сити и бесплатно!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Манчестер сити, Марио Балотели вели дека би сакал повторно да заигра во Премиер лигата кога ќе му заврши договорот со францускиот прволигаш Ница во летото 2018 година, откако тимот призна дека тој е прескап за нив.

Во 49 натпревари за Ница, Италијанецот има постигнато одлични 33 гола, но прашање е дали тим од Премиер лигата би се „зафатил“ со проблематичниот Балотели. Тој вели дека за Манчестер сити би играл и бесплатно.

„Го сакам Манчестер сити. Ги сакам навивачите на Манчестер сити. Едноставно, го сакам тој клуб. Би отишол и бесплатно. Сезоната со нив ми беше најдобра во животот. На почетокот беше тешко да се живее во Манчестер, бидејќи тоа е сосема различен град од Лондон, но ако зборуваме за фудбалот, Сити се неверојатни. Многу сум среќен што им оди добро оваа година и се надевам дека титулата од Премиер лигата е нивна“, изјави Балотели во интервју за „Газета дело спорт“.

Scroll to Top