Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски е трансферна цел на италијанскиот второлигаш Тернана. Членот на Серија Б посакува искусен напаѓач, а тренерот Кристијано Лукарели смета дека токму Несторовски би бил одлично решение за неговиот тим.
Покрај Тернана, за него интерес покажува и Козенца.
Илија Несторовски веќе седум години е во Италија, првите три сезони настапуваше за Палермо, а потоа одработи четиригодишен договор со Удинезе.