Стадионот на Барселона „Ноу Камп“ бил мета на една терористичка организација, пренесуваат каталонските медиуми. Таа терористичка организација изврши напад во Барселона на 17.август 2017 година. Во нападот загинаа 17 луѓе, а преку 100 беа повредени.
Покрај оваа трагедија терористите планирале уште една, на култниот стадион на еден од најголемите светски клубови, објави „Ел Периодико“.
Шпанслите истражители во телефонот на еден од терористите кој не го преживеал нападот, нашле скици од стадионот „Ноу камп“ и детален план за напад. Ден пред нападот терористите биле на стадионот, веројатно за да ги усовршат деталите за нападот.
Барселона по нападот значително ги зголеми безбедносните мерки на стадионот.