Top Sport

Тешка повреда на Един Вишча

Един Вишча (32), фудбалер на Трабзонспор и на репрезентацијата на БиХ доживеа тешка повреда на натпреварот против Хатајспор. Тимот на Вишча со 1:0 го доби овој натпревар.

Играчот од Босна и Херцеговина се повреди во 40.минута од натпреварот. На почетокот не беше јасно што се случило, но многу брзо реакциите на Вишча и соиграчите јасно ставија до знаење дека нешто е сериозно.

Брзо му беше укажана помош и тој беше однесен во болница.

Утврдено е дека се здобил со скршеница на коската на надлактицата, а според првите информации ќе ги пропушти следните два месеци.

Вишча е член на Трабзонспор од јануари годинава, кога пристигна од Истанбул Башакшехир за обештетување од 4,3 милиони евра. Минатата сезона на 36 настапи постигна 9 и постави 12 гола.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');